Прогласена воздушна опасност во Литванија, армијата апелира до граѓаните веднаш да побараат безбедно место
- Литванија денеска го запре сообраќајот на аеродромот во главниот град и издаде предупредување за „воздушна опасност“ поради загриженост дека беспилотни летала навлегле во воздушниот простор на земјата.
- Веднаш побарајте засолниште на безбедно место, грижете се за вашите блиски и чекајте нови препораки, се вели во пораката на литванската армија упатена до граѓаните на главниот град.