DAY.MK

обновено 21:03, 20.05.2026

Устен демарш за албанскиот амбасадор во Македонија за мешање во внатрешните работи на земјава

пред 6 часа 5 извори
Устен демарш за албанскиот амбасадор во Македонија за мешање во внатрешните работи на земјава

Кратко

  • Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Албанија во Македонија, Денјон Мејдани, денеска бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, за да му биде упатен устен демарш поради неговите изјави дадени деновиве.
  • Поради изјавите со кои го подржа протестот за полагање правосуден испит на албански јазик, на вонредниот и ополномоштен албанскиот амбасадор во Македонија, Денјон Мејдани, му бил упатен устен демарш од страна на македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија (МНР).
  • Дознаваме дека на средбата присуствувал неговиот заменик и нему му бил упатен устниот демарш во врска со несоодветните изјави на амбасадорот во јавноста, во изминатиот период, коишто се движат на границата меѓу вообичаената и легитимна дипломатска комуникација и потенцијално мешање во внатрешните работи во земјата на акредитација.

Повеќе статии