Отпуштања на 14 отсто од админстрацијата како мерка за штедење на Нов Зеланд
- Вилис пред претставници на бизнис-заедницата во Оукленд рече дека Владата исто така ќе го намали буџетот на повеќето државни агенции во следните три години, ќе го намали бројот оддели во јавната администрација и ќе бара побрзо воведување на технологијата на вештачка интелигенција во целиот сектор.
- Владата на Нов Зеланд до средината на 2029 година ќе отпушти речиси 14 отсто од вработените во државната администрација, како дел од стратегија за значајно намалување на трошоците, изјави денеска министерката за финансии, Никола Вилис.