Напаѓачот од турскиот округ Мерсин, кој вчера уби шест лица и рани осум, се самоубил
- Напаѓачот од округот Мерсин, Југоисточна Турција, кој вчера отвори оган во ресторан и уби шест лица, меѓу кои и неговата поранешна сопруга, се самоубил кога станало јасно дека ќе биде фатен од полицијата, јави информативниот сајт „Хаберлер“.
- Додека возел во обид да побегне, напаѓачот ранил осум лица, кои се пренесени на лекување во државната болница во Тарсус и во други болници во околината.