КИНА НЕМА ДА СЛЕДИ НИКОГО, САКА ДА ГО ПРЕДВОДИ СВЕТОТ: Шји Џинпинг со јасна порака
- Кинескиот претседател, Шји Џинпинг, денеска го претстави Пекинг како предводник во создавањето на нов глобален поредок во областа на вештачката интелигенција, повикувајќи ги земјите да ја искористат технологијата со отворен код и најавувајќи поголема поддршка за земјите во развој.
- Говорејќи на отворањето на Светската конференција за вештачка интелигенција (WAIC) што се одржува во Шангај, Шји изјави дека вештачката интелигенција претставува „ретка и историска можност“ и предупреди дека нееднаквиот пристап до таа технологија може да доведе до „нови историски неправди“.
- Вештачката интелигенција е технологија со значење споредливо со пронаоѓањето на парната машина и електричната енергија – изјави Си, додавајќи дека Кина е подготвена да споделува технологија и експертиза со земјите од глобалниот Југ.
Извори
-
КИНА НЕМА ДА СЛЕДИ НИКОГО, САКА ДА ГО ПРЕДВОДИ СВЕТОТ: Шји Џинпинг со јасна порака
Извор: faktor.mk
-
Џинпинг ја престави Кина како предводник на глобалното управување со вештачката интелигенција
Извор: kurir.mk
-
Џинпинг го претстави Пекинг како предводник во создавањето на нов глобален поредок во областа на вештачката интелигенција
Извор: novamakedonija.com.mk