Републичкиот обвинител вели дека уште се собираат информации за водата во Гостивар
- Инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчера попладне постапувајќи по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, презедоа итни мерки и активности на терен во село Вруток, поради сомневање за загадување на водата со која се снабдува градот Гостивар.
- Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се вбризгувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот.
- Во расчистувањето на овој случај, покрај полицијата и обвинителството, веднаш се вклучија и Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за животна средина, како и лиценциран вештак кој треба да изврши стручна процена на незаконски поставениот систем“, велат од МВР за „“.
Извори
-
1.200 пациенти завршија во болница во Гостивар, зашто „Водовод“ заедно со Општината поставиле 3 пумпи во корито со отпадни води, се сомнева МВР
Извор: www.slobodenpecat.mk
-
Детали за загадената вода во Гостивар: Отпадни води биле вбризгани во питката вода во главниот цевковод
Извор: libertas.mk
-
Големи тензии ноќеска кога екипа на Институтот за јавно здравје собирала мостри од водата во Гостивар
Извор: www.slobodenpecat.mk
-
Ужас во Гостивар, илјаници затруени, ОЈО го проверува водоводот
Извор: 24info.mk
-
Три пумпи вбризгувале отпадни води во главниот цевковод за вода во Гостивар? Полицијата со сомненија за кривично дело „загадување на вода за пиење“
Извор: kurir.mk
-
Републичкиот обвинител вели дека уште се собираат информации за водата во Гостивар
Извор: www.slobodenpecat.mk