Единствениот пазар мора да се прилагоди на вештачката интелигенција и геополитичките предизвици
- Единствениот пазар на Европската Унија треба да се прилагоди на предизвиците на денешницата – трката во развојот на вештачката интелигенција, итните климатски акции и геополитичкиот натпревар – изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пред Европскиот парламент.
- Со 450 милиони луѓе и пазар од 18 трилиони евра, ЕУ има моќ да ги поставува глобалните стандарди - истакна Фон дер Лајен.