РИСТОВСКИ: Прославата на спортските успеси треба да е убав гест, а не навреда
- Ако сакаме да имаме поздраво општество треба сите да работиме на тоа, истакна министерот за спорт Борко Ристовски во емисијата „Директно“ на ТВ Телма во која повод беше непримерната прослава на шампионската титула на ФК Вардар.
- Ривалството на спортските терени е добро да го има, но омразата и поделбите по сите основи може да однесат на погрешен пат и тоа не треба да го дозволиме, беше пораката што ја испратија учесниците во дебатата, упатувајќи уште еднаш јавна осуда за непримерниот начин на кој ФК Вардар ја прослави шампионската титула.
- Ние како Минисетрство за спорт и ФФМ го осудуваме овој настан за во иднина да не се повтори или да се намалува бројот на ваквите инциденти.