Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
- Би сакале да ја известиме јавноста, но и сите страни кои се вклучени директно или индиректно во клубовите, дека Министерството за спорт пристапува кон разгледување на можноста за измени во Законот за спорт со кои ќе ги прошириме ингеренциите на државата со цел ваквите појави да бидат сериозно санкционирани.
- Согласно сите меѓународни правни инструменти за што сите земји во светот имаат постигнато општ консензус, ваквите и слични девијантни појави не смеат да бидат секојдневие во спортот, вклучително и во македонскиот спорт и во таа насока, Министерството за спорт ќе направи сè за да ги заштити националните интереси и интересите на спортот.
- Воедно, ја повикуваме и Фудбалската федерација на Македонија да го промени својот првилник кој би бил многу поригорозерн во санкционирањето на нарушувања од секаков вид.
Извори
-
Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
Извор: kurir.mk
-
Министерството за спорт го осуди однесувањето на фудбалерите и навивачите на Шкендија, испратија повик и до ФФМ
Извор: www.slobodenpecat.mk
-
Министерството за спорт најостро ги осудува случувањата на финалето од фудбалскиот Куп на Македонија!
Извор: netpress.com.mk