DAY.MK

обновено 15:48, 21.05.2026

Славески: Mожна e корекција на основната каматна стапка ако има натамошни инфлациски притисоци

пред 1 час 5 извори
Славески: Mожна e корекција на основната каматна стапка ако има натамошни инфлациски притисоци

Кратко

  • Доколку има натамошни притисоци врз ценовното ниво, ќе реагираме со корекција на каматните стапки нагоре, но конечната одлука ќе зависи од расположливите податоци за инфлацијата и за нејзините движења во наредниот период“, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов.
  • Народната банка и во иднина внимателно ќе ги следи економските показатели и ќе носи одлуки врз основа на поширок збир податоци за инфлацијата и за економските движења, при што во фокусот и натаму ќе биде одржувањето на ценовната стабилност на среден рок.
  • Тој нагласи дека Народната банка внимателно ги следи инфлациските движења коишто, по период на дезинфлација, повторно бележат забрзување во март и април, под влијание на надворешни фактори, пред сè на растот на цените на енергентите.

Повеќе статии