ЈП Лајка и Општина Ѓорче Петров организираат теренска акција за заловување и третман на кучиња без ушна маркица
- ЈП Лајка во соработка со Општина Ѓорче Петров организира теренска акција за заловување и третман на кучиња кои не се обележани со ушна маркица, информираше денеска градоначалникот на општината, Александар Стојкоски.
- Тој посочи дека комбето со заловувачкиот тим ќе биде присутно овој четврток од 17:00 до 19:00 часот пред ООУ „Тихомир Милошевски“.