Пролетна акција за реконструкција на детските игралишта и урбаната опрема во општина Карпош
- Општина Карпош започна со пролетна акција за реконструкција и реновирање на детските игралишта кои се на територија на локалната самоуправа, реконструкција и промена на оштетените клупи и корпи за ситен отпад, како и останатата урбана опрема која се наоѓа на територијата која е во надлежност на општината.
- Заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, секојдневно е на терен и ја следи работата на екипите кои работат на реконструкција и реновирање низ локалната самоуправа.
- Според предвидената динамика, сите детски игралишта и останата урбана опрема, во најскоро време ќе добијат нов сјај и подобар изглед и ќе бидат безбедно место за игра на најмалите жители, како и место за релаксација на сите карпошани.
Извори
-
Ќе се реконструираат детски игралишта и урбана опрема во Карпош
Извор: skopje1.mk
-
Крстевски на терен: Се реновираат детските игралишта во Карпош
Извор: kurir.mk
-
Општина Карпош започна со реконструкција и реновирање на детските игралишта
Извор: skopjeinfo.mk
-
Пролетна акција за реконструкција на детските игралишта и урбаната опрема во општина Карпош
Извор: kurir.mk
-
Пролетна акција за реконструкција на детските игралишта и урбаната опрема во општина Карпош
Извор: republika.mk