Отстранети 3.500 тони комунален отпад на територија на град Скопје
- Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје учествуваа и во акција за чистење на подвозникот на булеварот Гоце Делчев под стоковната куќа „Мост“, координирана од Градот Скопје – соопшти Комунална хигиена.
- Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3500 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.