Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
- На последното рочиште сведочеше Магдалена Јованова, ќерка на првообвинетиот Дејан Јованов, која пред Судот изјави дека во објектот имало противпожарни апарати, панични светла и означени излези, како и дека пиротехника се користела и на претходни настани во дискотеката.
- Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
- За денешното рочиште одбраната на првообвинетиот најави сослушување на неколку сведоци, меѓу кои вработена во „Пулс“, пиротехничар ангажиран од дискотеката, соработник на музичката група ДНК, угостител од Гевгелија, вработен во противпожарната служба, како и лица кои учествувале во внатрешното уредување и во раното работење на објектот.
Извори
- Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ – ќе се сослушуваат сведоци
Извор: fokus.mk
- Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“-ќе бидат сослушани сведоци на одбраната
Извор: telma.com.mk
- Со сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
Извор: a1on.mk
- Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
Извор: kurir.mk