Македонската песна триумфираше во Европа: Хорот на ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ го освои Јесоло во Италија!
- Пет први места и апсолутна доминација – младите ја враќаат вербата во македонскиот мелос Во време кога сè почесто се поставува прашањето дали младите ја негуваат македонската музичка традиција, хорот на ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје даде силен и гласен одговор – македонската песна живее, и тоа на големите светски сцени.