DAY.MK

обновено 21:03, 20.05.2026

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставните трансформации на патот кон ЕУ: реформи или уставен инженеринг?“

пред 25 часа 5 извори
Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставните трансформации на патот кон ЕУ: реформи или уставен инженеринг?“

Кратко

  • Претседателката, д-р Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Република Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на којшто докторирала, на тема: „Уставните трансформации на патот кон ЕУ: реформи или уставен инженеринг?“, пред бројни професори, студенти и претставници на дипломатскиот кор.
  • Гордана Сиљановска – Давкова оцени дека, нашиот устав, иако формално-правно се вбројува во цврстите устави, често се менуваше, а промените најчесто беа диктирани однадвор, а не се креирани одвнатре, добивајќи карактер на уставен инжењеринг, а не на реформски процес во интерес на граѓаните.
  • На предолгиот пат кон Брисел, обременет со препреки врзани за идентитетски прашања, коишто, според европскиот конституционализам не може да бидат услов за евроинтеграција, ние најчесто бевме туркани во уставни измени коишто не водат напред, туку не враќаат назад, закотвувајќи не во ирационални историски ровови.

Повеќе статии