DAY.MK

обновено 15:46, 17.07.2026

Кривична пријава против поранешна претседателка на комисија во Министерството за здравство

пред 5 часа 6 извори
Кривична пријава против поранешна претседателка на комисија во Министерството за здравство

Кратко

  • Од МВР наведуваат дека, и покрај известувањата доставени од правното лице во текот на 2022 и 2023 година, пријавената не презела законски пропишани контроли, со што му овозможила на правното лице да оствари вишок на производство од 56 килограми канабис“, велат од МВР.
  • Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Свети Николе против Д. П. од Скопје, поради сомнение за кривично дело „несовесно работење во службата“.
  • Според полицијата, во периодот од 18 ноември 2022 до 21 август 2024 година, Д. П. како претседателка на Комисијата за оценување на исполнетоста на условите за простор, опрема и кадар за одгледување канабис за медицински цели при Министерството за здравство, не ги извршувала обврските што ги налага законот.

Повеќе статии