Кривична пријава за поранешна директорка и раководителка на оддел во болница во Битола
- Во периодот од ноември 2023 до јуни 2024 година, пријавените потпишале листи за исплата на прекувремени часови работа на 12 вработени доктори од Одделот за интерни болести за извршени прегледи и визита на пациенти од Одделението за урологија и Одделението за физикална медицина и рехабилитација, спротивно на одлука на управниот одбор.
- На тој начин пријавените овозможиле неоснована исплата на надоместок за прекувремени часови работа во износ од 494. денари и го оштетиле буџетот на државата.