Средба Андоновски - Варнс: Продлабочување на соработка со САД во кибербезбедноста и дигиталната трансформација
- Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска оствари средба со Н. Е. Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена одличната соработка меѓу двете држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста.
- Во таа насока, беше изразена искрена благодарност за поддршката од страна на Амбасадата на САД, како и за техничката и финансиската помош во износ од 5 милиони долари, обезбедена од нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави, наменета за јакнење на сајбер безбедноста и дигиталната инфраструктура во државата.
- Министерството за дигитална трансформација останува посветено на унапредување на безбедна, модерна и отпорна дигитална средина, во интерес на граѓаните, продолжувајќи ја успешната соработка со САД.
Извори
-
Средба Андоновски – Варнс: Потврдена соработка во дигитализација и сајбер безбедност
Извор: skopje1.mk
-
Средба Андоновски – Варнс: Во фокус продлабочувањето на билатералната соработка, особено во делот на сајбер безбедноста
Извор: kurir.mk
-
Андоновски-Варнс: Продлабочување на билатералната соработка, особено во делот на сајбер безбедноста
Извор: netpress.com.mk
-
Средба Андоновски – Варнс: Продлабочување на соработка со САД во кибербезбедноста и дигиталната трансформација
Извор: 24info.mk
-
Средба Андоновски - Варнс: Продлабочување на соработка со САД во кибербезбедноста и дигиталната трансформација
Извор: kanal5.com.mk