Златна плочка вредна 4.500.000 денари пронајдена во чевел на патник на Богородица
- Како што соопштија од Царината, случајот бил откриен откако автобусот бил издвоен за детална контрола, а потоа бил извршен претрес на патник – македонски државјанин„При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела хартија“, информираат од Царинската управа.
- Со умисла за криумчарење, сторителот, кој ја чувал плочката во сакото, непосредно пред контролата ја скрил во чевелот.
- Против сторителот, од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, до ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.
Извори
-
Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица
Извор: kurir.mk
-
(Фото) Златна плочка вредна 4,5 милиони денари ја сокрил во чевел, за да ја шверцува од Гостивар до Истанбул
Извор: skopje1.mk
-
Златна плочка вредна 4.500.000 денари пронајдена во чевел на патник на Богородица
Извор: netpress.com.mk