Демократски сојуз: Опасно сценарио на ДУИ за дестабилизација на Македонија
- Демократски сојуз смета дека правото на употреба на албанскиот јазик мора да биде гарантирано и почитувано согласно Уставот, Охридскиот рамковен договор и законите, но истовремено мора да се зачува единствениот, функционален и ефикасен правосуден систем кој функционира на македонски јазик како службен јазик на државата.
- Република Македонија има потреба од стабилност, владеење на правото и меѓуетничка доверба, а не од политички сценарија базирани на поделби и конфликти, велат од Демократскиот сојуз.
- Особено загрижува фактот што на протестите беа присутни и граѓани од соседните држави Косово и Албанија, што претставува недозволив обид за надворешно влијание врз внатрешните политички и институционални прашања на Република Македонија.