Градоначалникот предупреди на загаден воздух по пожарот во Радовиш
- Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат препораките за заштита на здравјето“, вели градоначалникот на Радовиш Љупче Почивалец Депонијата во Радовиш гори веќе петти ден, а надлежните институции и понатаму преземаат мерки за ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото ширење.
- Од Општина Радовиш информираат дека сите надлежни служби продолжуваат со континуирани активности за локализирање и целосно гаснење на пожарот, при што се апелира на смиреност, одговорност и строго почитување на препораките со цел заштита на здравјето на граѓаните.
- Градоначалникот на Радовиш и командант на Кризниот штаб, Љупче Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно задравје-Штип, апелира до граѓаните да избегнуваат непотребен престој на отворено и да се ограничат движењата, особено во периодите кога чадот од Депонијата е најинтензивен.
Извори
-
Градоначалникот предупреди на загаден воздух по пожарот во Радовиш
Извор: a1on.mk
-
Петти ден гори депонијата во Радовиш – Почивалец: Избегнувајте престој на отворено додека трае пожарот!
Извор: mk.tv21.tv
-
(ВИДЕО) Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки за заштита на здравјето на жителите
Извор: 360stepeni.mk