Божиновска: Декарбонизацијата-конкретен патоказ и дел од нашите обврски кон ЕУ
- Фокусот на состанокот на Советот за праведна транзиција беше ставен на институционалната координација, усогласувањето со Реформската агенда, обезбедувањето финансиска поддршка и мерките за поддршка на вработените во енергетскиот сектор.
- Декарбонизацијата претставува конкретен патоказ и дел од обврските на државата кон Европската Унија, порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на состанокот на Советот за праведна транзиција.
- На состанокот посебен акцент бил ставен на усогласувањето на Патоказот за декарбонизација со стратешките документи и програмите на институциите вклучени во процесот, како и на обезбедување координиран пристап кон имплементацијата на реформите поврзани со енергетската транзиција.