Мицкоски: Буџетот за културата нема да се крати, но не е во ред поголем дел од средствата да одат за плати, а не за проекти и програми
- Колективниот договор во културата бил усвоен без позитивно мислење од Министерството за финансии, вели премиерот Мицкоски и додава дека за еден колективен договор да биде применлив, неопходно е претходно да постои согласност од Министерството за финансии, што, според него, во овој случај недостигало.