Македонскиот КИЦ во Загреб и Меѓународната смотра на фолклорот со изложбата „Поздрав од Македонија“ го одбележаа големиот јубилеј – 60 години од Смотрата
- Во преполниот изложбен простор на македонскиот КИЦ во Загреб синоќа беше отворена ексклузивната изложба Поздрав од Македонија фотографии на македонски фолклорни групи на Меѓународната смотра на фолклорот Загреб, реализирана во соработка со Меѓународната смотра на фолклорот Загреб, по повод значајниот јубилеј 60 години од нејзиното одржување.
- Оваа мултимедијална изложба која македонскиот КИЦ во Загреб ја реализира по повод јубилејот 60 години од одржување на Смотрата содржи избор од 60 печатени и неколку стотини дигитални фотографии од големиот Дигитален архив на Меѓународната Смотра на фолклорот.