Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања – првпат извршена во Македонија
- Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow” – софистициран софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство.
- Во објавата на Министерството за Фејсбук се наведува дека оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за подобра дијагностика и третман на пациентите со срцеви заболувања кај кои класичните испитувања не секогаш ги откриваат причините за симптомите.
- Ова е значаен чекор кон модернизација на кардиолошката дијагностика во нашата земја и уште еден показател дека нашите здравствени установи чекорат во чекор со најсовремените светски трендови во медицината – појаснуваат од МЗ.
Извори
-
Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања – првпат извршена во Македонија
Извор: press24.mk
-
ЗНАЧАЕН ЧЕКОР: Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања – првпат извршена во Македонија
Извор: kurir.mk
-
ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ ВОВЕДЕ НОВА МЕТОДА ЗА ПРЕЦИЗНА ДИЈАГНОСТИКА НА СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА Тимот за интервентна кардиологија прв ја употреби методата
Извор: plusinfo.mk
-
Нова метода за прецизна дијагностика на срцеви заболувања – првпат извршена во Македонија
Извор: netpress.com.mk
Повеќе статии
5 извори
6 извори
3 извори