Куманово утре со бесплатна ревија на кратки филмови пред стартот на ФИЛМАЈ 2026
- Љубителите на краткиот филм во Куманово утре вечер ќе имаат можност бесплатно да проследат ревија на филмови од последните две изданија на ФИЛМАЈ – фестивалот на краток филм, кој веќе неколку години претставува еден од препознатливите независни филмски настани во градот.