Прво палеле учебници, па ги искршиле вратите од спортската сала за да бараат противпожарни апарати
- Непознати сторители вчеравечер ги оштетиле влезни врати на спортската сала во основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров и одземале два противпожарни апарати, кои потоа биле употребени во дворот на училиштето каде биле запалени учебници.
- Од СВР Скопје информираат дека увид на местото извршила увидна екипа, а надлежните служби преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.