DAY.MK

обновено 13:44, 17.07.2026

ВЛАДА: Донесена е одлука рокот на кризната состојба за нафтата и нафтените деривати да продолжи од 21 јули до 20 октомври

пред 2 часа 3 извори
ВЛАДА: Донесена е одлука рокот на кризната состојба за нафтата и нафтените деривати да продолжи од 21 јули до 20 октомври

Кратко

  • Владата на денешната седница донесе Одлука за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.
  • Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во снабдувањето или до значителни ценовни шокови на меѓународните пазари на нафта и нафтени деривати.
  • Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството – наведуваат од Владата.

Повеќе статии