Петер Маѓар предложи проширување на Вишеградската група и со земјите од Западен Балкан
- Новиот унгарски премиер Петер Маѓар, заедно со полскиот премиер Доналд Туск, денеска од Варшава испрати порака дека е време да се обнови старото влијание и сјај на Вишеградската група (В4), при што Маѓар предложи нејзино проширување и со земјите од Западен Балкан кои сè уште не се дел од Европската Унија.
- Подготвен сум да ја прошириме соработката на Вишеградската четворка и на други земји – можеби скандинавските држави, Австрија, Хрватска, Словенија, Романија и земјите од Западен Балкан кои уште не влегле во ЕУ“, изјави Маѓар на заедничката прес-конференција со Туск.