ШТОМ НЕМА НАФТА ВО „ДРУЖБА“ НЕМА НИ ПАРИ ЗА УКРАИНА Унгарија и Словачка го блокираат заемот од 90 милијарди евра за Киев
- Пред денешната седница на Европскиот совет, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека земјата е подготвена да ѝ помогне на Украина само кога ќе ја добие својата нафта, чија испорака Киев ја блокира.
- Новите заклучоци на Европскиот совет за Украина на денешниот состанок во Брисел ги потпишаа 25 земји-членки, но не ги потпишаа Унгарија и Словачка, кои со тоа продолжуваат да ја блокираат финансиската помош за Украина.