Шпионска афера ја тресе Словенија пред избори: Обвинувања за странско мешање и „валкана“ кампања
- Во центарот на вниманието се наоѓа аферата со израелската приватна разузнавачка компанија „Блек Кјуб“, за која словенечките власти тврдат дека била вклучена во изборниот процес преку прикриен надзор и прислушување.
- Од друга страна, лидерот на СДС, Јанез Јанша, ги користи снимките како аргумент за наводна корупција во власта, иако првично негираше каква било поврзаност со „Блек Кјуб“, за подоцна да признае средба со еден од нивните советници.