Шпанската влада со денови била предупредувана дека е можен мигрантски бран во Сеута
- Премиерот на Шпанија, Педро Санчез мигрантскиот бран го оцени како „повреда на територијалниот интегритет на Шпанија“, а за инцидентот ги обвини шверцерите на луѓе, кои ја искористиле пресудата на Врховниот суд и поттикнале илјадници луѓе да се обидат да влезат во Сеута.
- Како една од причините за мигрантскиот бран се наведува и пресудата на шпанскиот Врховен суд, со која се забранува мигрантите, кои пристигнале на шпанска територија со пливање, веднаш да бидат вратени.