Шпанија се подготвува за трет топлотен бран: Температурите би можеле да достигнат над 45°C
- Шпанија се подготвува за третиот топлотен бран ова лето, кој ќе започне во вторник, а се очекува температурите во поголемиот дел од земјата да надминат 40 Целзиусови степени, соопшти шпанската Државна метеоролошка агенција (АЕМЕТ).
- Просечната температура во периодот од 1 јуни до 15 јули изнесувала 24,5 степени Целзиусови, што е за 3,3 степени повеќе од просекот за периодот од 1991 до 2020 година, изјави портпаролот на АЕМЕТ, Рубен дел Кампо.