Шефот на украинската дипломатија воспостави контакт со идната унгарска министерка Анита Орбан
- Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибига, изјави дека воспоставил контакт со идната унгарска министерка за надворешни работи, Анита Орбан, нагласувајќи ја подготвеноста на Киев за „нова страница“ во односите со Унгарија, јави унгарската новинска агенција МТИ.
- Тоа е во интерес на двата народа и на нашата заедничка европска иднина - подвлече тој.