Шефот на обезбедувањето на поранешниот премиер на РС под истрага за шверц на кокаин со службени возила
- Како што објави бањалучкиот портал „Капитал“, долгогодишната истрага открила дека Вулиновиќ, припадник на МВР на Република Српска, бил дел од криминална група која шверцувала дрога користејќи ја неговата полициска позиција и службените возила со ротациски светла за заштита.
- Откако медиумите ги објавија деталите за истрагата, Вишковиќ – кој во август 2025 година поднесе оставка од премиерската функција, по што неговиот партиски шеф Милорад Додик на тоа место го постави Саво Миниќ – упати писмена реакција до јавноста.