Шесте најголеми економии на ЕУ постигнаа договор за реформа на финансискиот надзор
- Министрите за финансии на шесте најголеми економии во Европската Унија постигнаа заеднички договор за предлогот со кој треба да се зајакне надзорот врз европските пазари на капитал и да се продлабочи финансиската интеграција во Унијата.
- Според германското Министерство за финансии, целта на реформата е да се подобри конкурентноста на Европската Унија во услови на забавен економски раст и засилена конкуренција од Соединетите Американски Држави и Кина.