Швајцарската полиција: Нападот на железничката станица беше терористички чин
- Двајцата полесно повредени се пуштени од болница“, соопшти полицијата и додаде дека напаѓачот за време на нападот извикувал „Алаху акбар“.
- Фер додаде дека напаѓачот при нападот користел нож, чие сечило се скршило за време на инцидентот, без да открие детали за тоа како осомничениот бил совладан.
- Кантоналната полиција утрово околу 8:30 часот примила дојава за напад на железничката станица, по што веднаш на терен биле испратени две патроли кои затекнале три тешко повредени лица.