Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
- Собранието на Црна Гора денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси проследени со грчеви, гадење и замор – им се овозможува право на два дена платено отсуство месечно.
- Во образложението на законот се наведува дека целта на измените е адекватно регулирање на дијагностицираните патолошки состојби на секундарна дисменореа, отстранување на стигмата и предрасудите на работното место и воспоставување рамнотежа меѓу зачувувањето на здравјето и професионалните обврски на жените.
- Независната пратеничка Јевросима Пејовиќ иницијативата за измени на законот ја поднесе во март оваа година, во пресрет на Меѓународниот ден на жената.
Извори
-
Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
Извор: libertas.mk
-
Два дена месечно платено менструално отсуство во Црна Гора
Извор: kurir.mk
-
ЦРНА ГОРА ВОВЕДЕ ДВА ДЕНА ПЛАТЕНО МЕНСТРУАЛНО ОТСУСТВО Важи за жените со болни цилуси поради миоми, ендометриоза и други заболувања
Извор: plusinfo.mk
-
Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
Извор: brif.mk