Хезболах ги отфрли преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
- Либанското движење Хезболах денеска ги отфрли тековните преговори меѓу Либан и Израел што со посредство на САД се водат во Вашингтон, истакнувајќи дека Израел мора безусловно да се повлече од либанската територија.
- Изјавата следува откако американскиот Стејт департмент објави дека петтата рунда разговори меѓу Либан и Израел е продолжена за уште еден ден поради несогласувањата околу обемот на израелското повлекување од јужен Либан.