Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
- Француските обвинители денеска побараа седумгодишна затворска казна за поранешниот претседател Никола Саркози, кој поднесе жалба на првостепената пресуда за примање нелегални прилози за претседателската кампања од покојниот либиски диктатор Моамер Гадафи.
- Поранешниот франциски претседател е обвинет дека склучил таен договор со Гадафи пред претседателските избори во 2007 година за либискиот лидер да му помогне во финансирањето на неговата кампања.
- Обвинителите побараа седумгодишна затворска казна по обвинение за обид за добивање средства за кампања од Либија, како и за корупција, нелегално финансирање на кампањата и злоупотреба на либиските јавни средства.
Извори
-
Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
Извор: kurir.mk
-
Седум години затвор бараат обвинителите за Никола Саркози
Извор: netpress.com.mk
-
Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
Извор: nezavisen.mk
-
Ќе оди Саркози седум години во затвор?
Извор: telma.com.mk