Францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ плови кон Црвено Море и Аденски Залив
- Носачот на авиони „Шарл де Гол“ се упати кон Црвено Море и Аденски Залив, како дел од подготовките на Франција и Велика Британија за идната мисија за обезбедување слободна пловидба низ Ормуска Теснина, соопшти денеска француската армија.
- Француското Министерство за одбрана наведе дека „Шарл де Гол“ денеска помина низ Суецки Канал и плови кон јужниот дел на Црвено Море.