Француската десница бара референдум за укинување на правото на државјанство по раѓање
- Кандидатот на француската десничарска Републиканска партија на претседателските избори, Бруно Ретајо, денеска изјави дека сака да го укине државјанството по раѓање (право на тлото) по пат на референдум и додаде дека судството нема да прифати таква реформа доколку не биде директно одобрена од францускиот народ.
- Лидерот на Републиканската партија веќе ја објави својата намера да го ревидира Уставот, доколку победи на претседателските избори следната година, со цел да го прошири опсегот на прашања што можат да бидат ставени на референдум, како што е прашањето за мигрантите.