Французинка и Американец позитивни на хантавирусот, еве во каква состојба се
- Последните преостанати патници на крузерот погодени од епидемијата на хантавирус ќе бидат евакуирани во нивните земји денес, а досега две лица се позитивни на тестот - Французинка и американски патник, објавија шпанските власти, кои ја координираат евакуацијата од бродот закотвен во близина на Тенерифе.
- Евакуацијата на последните 24 патници е планирана за денес, додека 94 од нив се евакуирани и префрлени во нивните земји на живеење.