Франција пресретна руски танкер во Атлантикот; Макрон: „Ова е само почеток“
- Во меѓувреме, руската агенција РИА Новости објави дека надлежните француски институции не ја информирале Русија за своите постапки во врска со танкерот Тагор, кој наводно испловил од Русија, и бил задржан во Атлантикот бидејќи, како што се претпоставува, испловил од Мурманск под лажно знаме.
- Руската амбасада во Париз објави Капетанот на бродот Тагор, кој беше запрен и задржан од француската морнарица во Атлантскиот Океан, е руски државјанин, објави денес руската амбасада во Париз, додавајќи дека побарала информации од француските власти во врска со државјанството на членовите на екипажот на бродот, пренесува ТАС.