Фон дер Лајен: ЕУ е во контакт со Мароко за решавање на кризата со мигрантите во Сеута
- Европската Унија е во контакт со мароканските власти за решавање на кризата со огромниот број мигранти кои ја преминаа границата кон шпанската енклава Сеута – изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
- Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повика на брзи депортации во согласност со законите на ЕУ, откако речиси 50. мигранти влегоа во малата шпанска северноафриканска територија Сеута од Мароко во изминатите неколку дена.