ФБИ истражува можен упад во една од најважните полициски бази во САД
- Информацијата во петокот ја објави Си-ен-ен, повикувајќи се на два извора запознаени со истрагата, а Ен-би-си доби независна потврда од свои извори.
- Американското Федерално истражно биро (ФБИ) истражува можен хакерски упад во една од најважните полициски бази на податоци во САД, преку која службите ширум земјата разменуваат информации за потерници, криминални евиденции и други чувствителни податоци.