УСОГЛАСУВАЊЕ СО ПОЛИТИКИТЕ НА ЕУ: Црна Гора ги раскинува договорите за безвизен режим со Русија, Белорусија и Турција
- Владата на Црна Гора ги раскинува договорите за безвизен режим со Русија, Белорусија и Турција, што произлегува од обврската за целосно усогласување со визните политики на Европската Унија.
- Информацијата за тоа Владата на Црна Гора ја усвои вчера, со тоа што е констатирана потребата од иницирање на заклучување нов договор со Турција за носителите на дипломатски, службени и специјални пасоши.