Украинското разузнавање тврди дека Русите го заплашуваат унгарското малцинство
- Украинската служба за безбедност (СБУ) вчера соопшти дека открила кампања за заплашување на унгарското малцинство во Украина, спроведена од руските служби.
- СБУ соопшти дека открила „нова информативна и психолошка специјална операција на руските разузнавачки служби насочена кон дестабилизација на ситуацијата во регионот Закарпатија и ескалација на тензиите меѓу Украина и Унгарија“.