Украинскиот Генералштаб соопшти дека е гаѓан штабот на „Рубикон“ во Луганската област, а не цивилни објекти
- Генералштабот на Вооружените сили на Украина денеска соопшти дека руските медиуми шират „манипулативни информации“ оти Украина наводно во текот на изминатата ноќ гаѓала цивилни објекти на територијата на окупираната Луганска област, а во соопштението се нагласува дека цел на тој напад бил еден од штабовите на руската специјална единица „Рубикон“.
- Руските медиуми активно шират манипулативни информации за наводната штета што Вооружените сили на Украина ја нанеле врз објекти на цивилната инфраструктура на привремено окупираната територија на Украина.